КОМЕМОРАТИВНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 81 ГОДИНА ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА


Со положување цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол, Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија  одбележаа 81 година од депортирањето на македонските Евреи во центарот за убивање „Треблинка“.

На комеморативна програма во Скопје, присуствуваа претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претставници на Собранието и Владата на Република Северна Македонија, амбасадорката на Израел, Симона Франкел како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Oдбележувањето продолжи и со полагање цвеќе на еврејските гробишта и споменикот на паднатите борци од НОБ.

На комеморативната вечер во спомен на депортираните македонски Евреи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше проектиран филмот „Монопол“ од Гал Геносар, според вистинска приказна за едно македонско еврејско семејство.

Со посета на Еврејските грибишта во Битола започна комеморативната програма. Пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара беше положено цвеќе, а во кабинетот на градоначлникот на Битола, Тони Коњановски беше примена делегацијата од членови и гости на Еврејската заедница. Се одржа и „поворка на живите“ каде што многумина битолчани симболично ја изодеа последната патека на своите сограѓани.

И во Штип се одбележаа 81 година од  депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта „Треблинка“. По тој повод на Комеморативната седница во Општина Штип присуствуваше aмбасадорката на Израел во Република Северна Македонија, Симона Франкел, градоначалникот на Општина Штип, претставници на Еврејската заедница во земјава, како и пратеници во македонското Собрание и делегации на државни и локални институции. Со паролата „Да не се заборови“ се одржа и поворка на живите од зградата на Општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, кој се наоѓа во поранешното Кафтанско маало, каде што живееле поголемиот дел од Еврејската заедница. Амбасадорката на Израел, Фарнкел, како и делегации денеска ги посетија и Еврејските гробишта.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN