Проектот „НАСЛЕДСТВО И ТРАДИЦИЈА, МИНАТОТО РАСКАЖАНО ДЕНЕС“ почна и во Скопје


Ученици од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ и од основното училиште „Киро Глигоров“ го посетија Меморијаниот центар на холокаустот и ја видоа постојаната поставка како прва станица во истражувачкиот процес кој е пред нив.
Учениците ќе изработуваат албуми на еврејски семејства убиени во холокаустот. Тие ќе имаат обврска да истражуваат и да собираат податоци во Меморијалниот центар и во архивот на Скопје. Проектот има цел да се соберат повеќе фото документирани вистинити приказни за семејства чии имиња ги имаме на листи за депортирање. Учениците ќе го научат истражувачкиот процес, работата во архив, а готовите фото албуми ќе се користат како дидактички материјал во Меморијалниот центар. Проектот ќе се реализира во текот на второто полугодие од оваа учебна година. Завршната манифестација е закажана за 29 мај.
Голема благодарност до Архивот на град Скопје и раководителката Татјана Алексовска Сапунџиоска која ја препозна вредноста на овој проект и даде согласност за соработка и учество во истиот. Благодарност и до наставничките Јана Трајковска и Сања Пејчиновска Крстиќ и професорката Роска Јовановиќ, за учеството и поддршката во проектот.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN