Спасувањето, прогонот и холокаустот во Царството Бугарија (1940-1944)


Како неделив дел од бугарскиот народ, бугарските Евреи, на еднаква основа, ја делат целата историја за нивното основање како нација.

Со векови интегрирани во бугарското општество, бугарските Евреи учествувале, заедно со сите Бугари, во националната историја на земјата. Тие ја бранеле татковината за време на борбите за ослободување од отоманската власт и се бореле во сите војни во кои Бугарија ја штитела својата државност и националност.

Придонесот на Евреите за економски, културен и интелектуален напредок на Бугарија по ослободувањето, исто така , е значаен. Тој е признат и соодветно ценет од страна на бугарското општество.

Земја со ниско ниво на антисемитизам, Бугарија секогаш била вистинска татковина за бугарските Евреи. Настаните од 1940 до 1944 година, кога под влијание на нацистичката идеологија Евреите биле подложени на прогон, биле искушение и за бугараските Евреи и за целиот бугарски народ. Историските есеи во оваа книга даваат мислења за оваа драматична епизода во бугарската историја, кога и Евреите и Бугарите искусиле многу болка.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN