НАГРАДИ НА МНК ИКОМ
НАГРАДИ НА МНК ИКОМ
Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) ја додели годишната награда „18 Мај – Меѓународен ден на музеите за 2024 година“.
Наградата - Музејски работник на годината ја доби м-р Жаклина Мучева, раководител на секторот за едукација во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија;
Комисијата за доделување на наградата „18 Мај - Меѓународен ден на музеите“ награди додели на следните колеги/институции:
- Награда Музеј на годината на НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија;
- Награда Музејски проект на годината на Научно-истражувачкиот проект „Развојот на културните институции во Скопје по Втората светска војна“ со изложба „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ на авторот на проектот Зоја Богдановска, кустос советник историчар, реализирана од страна на ЈУ Музеј на град Скопје;
- Награда Музејски проект на годината на Меѓународниот истражувачки проект "Меморија без граници. Искуствата на македонските емигранти во Полска од 1948 до 2024 година“ на авторот д-р Владимир Боцев, реализиран од страна на НУ Музеј на Р.С. Македонија и Instytut Filologii Słowiańskiej Wydział Filologii Polskiej i Klasycznej Szkoła Nauk o Języku i Literaturze Uniwersytet im. Adama Mickiewicza w Poznaniu, Polska;
- Награда за Надворешен музејски соработник за „Музејска поставка по повод 150 години железници во Македонија“ на м-р Ванчо Милошевски, главен референт за заштита на културно наследство, животна и социјална средина, ЈП МЖ Инфраструктура - Скопје
Со посебни пофалници се стекнаа:
- Музеј на годината - Локален археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница
- Музејски проект на годината на проектот „Едукативна ликовна колонија со лицата со посебни потреби од Виница“, автор: Благица Стојанова, археолог, виш кустос, Локален археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница
- Музејски проект на годината на проектот ,,Стрип Арт” автор: Владимир Благојевиќ, етнолог, едукатор, НУ Музеј на РС Македонија
- Музејски проект на годината на проектот „Едукативно – друштвена игра домино со етнолошки мотиви“ автор: Тамара Денесовска, етнолог антрополог, едукатор, НУ Музеј на РС Македонија
- Музејски проект на годината на проектот ,,Јас – археолог” автор: м-р Марија Рабаџиска, едукатор, НУ Археолошки музеј на РС Македонија
- Музејски работник на годината на Јулијана Иванова – археолог, виш кустос, Локален археолошки и историски музеј „Теракота“ – Виница
Наградите и пофалниците ги врачи претседателот на МНК ИКОМ Благоја Варошанец.
Честитки за сите наградени, а нам да ни се множат наградите!
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација