Прикажан документарниот филм „Здивот на Шломо“
Во рамките на програмата за одбележување на 82 години од трагичната депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка, во Меморијалниот центар на холокаустотот на Евреите од Македонија се одржа проекција на филмот „Здивот на Шломо“ по текст на истакнатиот историчар Марчело Пецети и во режија на Руџеро Габаи и продукција на Фондацијата Музеј на Шоа од Рим.
Настанот го отвори директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, г-дин Горан Садикарио, кој упати благодарност до Амбасадата на Италија за традиционалната соработка и заложба за оддавање почит и одржување на споменот на жртвите од македонската еврејска заедница.
Одржа свој говор и Амбасадорот на Италија Паоло Палминтери во кој беше истакната моралната одговорност на општеството за одржување на сеќавањето на холокаустот со цел траорното минато никогаш да не се повтори.
По краткото видео-обраќање на Директорот на Фондацијата Музеј на Шоа од Рим и воедно син на протагонистот на документариот филм, Марио Венеција, беше прикажана вистинската приказна за Шломо Венеција, Евреин родум од Солун и преживеан од концентрациониот логог Аушвиц Биркенау, која длабоко ја трогна присутната публика.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација