Одбележан Јом Хашоа


Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница денеска во Меморијалниот центар на холокаустот го одбележаа Јом Хашоа (27 нисан по еврејскиот календар) – Национален комеморативен ден на Израел, посветен на хероизмот во Варшавското гето.
На присутните им се обрати претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви. Ана Босилкова, член на Еврејската заедница ги запали шесте меморијални свеќи, а Самуел Садикарио кажа молитва за жртвите - кадиш.
По 11 пат ја отворивме изложбата која е дел од училишниот проект на Фондот на холокаустот и Меморијалниот центар „Холокаустот низ призмата на детските очи“, оваа година со тема „7144 згаснати ѕвезди во холокаустот“. Наградените се осмоодделенци – првото место го освои Немања Јорданов од ОУ „Кирил и Методиј“ во скопско Стајковци. Од ова училиште е и третонаградената Јана Величковска под менторство на Ели Чочова, а втората награда ја добија четири ученички од ОУ „Димитар Влахов“ од Штип – Ева Гуњова, Ива Калафова, Надица Пирова и Ана Марија Андова.
На годинашниот конкурс пристигнаа 103 ликовни творби од основните училишта во државава, а 60 од нив се прикажани на изложбата. Жирито беше во состав: м-р Тони Шулајковки – академски сликар и ликовен педагог, Александар Чавкаровски – ликовен уметник- моден дизајнер и наставник по ликовно и Лилјана Лазаревска Мешковска – претставник од ФХЕМ

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN