РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА КРАТОК РАСКАЗ „РАСКАЖУВАМ ФОТОГРАФИЈА 2021“


Според одлуката на жирито:
Првата награда му припадна на расказот „Здолниште од пеперутки“ од Силвана Димитриевска (на тема/фотографија: Жената Еврејка).
Втората награда оди за расказот „Партија шах“ од Александар Тасевски (на тема/фотографија: Евреите и спортот).
Третата награда му се додели на расказот „Лицето на Маген Давид“ од Сузана Ѓорѓиевска (на тема/фотографија: 11 март 1943 – депортација и последно патување).
Жири-комисијата сака посебно да ги истакне и со тоа да ги пофали со доделување Пофалници и овие три раскази:
„La Clave“ од Јована Матевска Атанасова (на тема/фотографија: Еврејски поговорски)
„Судиска грешка“ од Мартин Милев (на тема/фотографија: Евреите и спортот)
„Клучот“ од Билјана Станковска (на тема/фотографија: Еврејски поговорки)
На сите учесници им се заблагодаруваме за исклучително продуктивното учество на литературниот конкурс „Раскажувам фотографија 2021“, а на победниците и на пофалените им ги честитаме добиените награди и пофалници.
Наградените три раскази ќе бидат објавени на нашата ФБ страна.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN