Промовирана книгата „Јеврејски музичари у Београду од Балфурове декларације до холокауста“


Во рамки на програмата на семинарот „Уметноста во холокаустот“ во Меморијалниот центар на холокаустот беше промовирана книгата „Јеврејски музичари у Београду од Балфурове декларације до холокауста“, од авторката - д-р Маја Василјевиќ. Промотор на книгата беше м-р Жаклина Мучева.
Во пријатна атмосфера, публиката имаше можност да се запознае со содржината на студијата низ разговорот со авторката која експлицитно ги објаснуваше сите клучни моменти од нејзиното истражување, систематизирање на податоци и создавање на книгата.
Книгата на д-р Маја Василјевиќ е резултат на долгогодишно истражување. Користен е материјал од многу домашни и странски архивски институции, од дневен и периодичен печат, книжен фонд. Целиот пишан труд е прилагоден за пошироката читателска публика, не заморува додека се чита, напротив секоја нова страница ве прави гладни за информации кои ги добивате обработени и лесни за паметење. Изобилува со фотографии и табели во кои информациите добиваат поголема прегледност. Не мора да сте музички образовани или да имате историско социолошки предзнаења за Евреите и нивната култура, д-р Маја Василјевиќ незабележливо ќе ви протне многу информации во нарацијата која вешто ја ткае низ своето ремек дело.
Книгата може да се купи во продавницата за книги и сувенири во Меморијалниот центар.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN